ФФМ остави после нова година да го решава прашањето за иднината на Игор Ангеловски, а таквиот став повлекува неизвесност и можност за креирање на разни шпекулации.
Една таква денеска дојде од Србија и силно одекна во македонската јавност, „Курир“ тврди дека Роберт Просинечки ќе биде новиот селектор на Македонија.
Но од ФФМ веднаш ги демнатираа гласините, тие велат дека со никој не преговараат и нема да преговараат пред да седнат на маса со Игор Ангеловски.
Актуелниот договор на Ангеловски со ФФМ истекува со крајот на оваа година.
Кога некого сакаш да задржиш на работа обично за нов договор преговараш додека се уште му трае актуелниот, но претседателот на ФФМ, Сејдини неодамна рече дека со Ангеловски ќе преговараат откако ќе му заврши договорот.
Се освен продолжување на соработката со Игор Ангеловски ќе покрене лавина негативни реакции во јавноста, но и меѓу репрезентативците кои се приврзани кон селекторот.