162
Запрашан кој фудбалер смета дека би бил добар боксер, Џошуа без многу размислување одговори: „Доколку бирам фудбалер кој би можел да биде голем боксер, тоа би бил Рој Кин“.
„На Манчестер јунајтед сега му треба некој како него, да отиде таму и да им каже како што е, да не заобиколува“.
„Во боксот треба да сте таков карактер за да успеете“.
„И Ерик Кантона може, тој исто така има аура на шампион“.