296
На прес конференцијата по мечот, Мурињо беше запрашан за Герет Бејл, зошто Велшанецот не се појави во второто полувреме. Станува збор за повреда.
„Тоа беше негова одлука. Во последниот дел од првото полувреме почувствувал некоја болка но не сакаше да излезе пред крајот на полувремето, остана и го доигра до крај. Но додека одеше во соблекувалната веднаш ми кажа дека не може да продолжи и не може да го игра и второто полувреме“, открива Мурињо.
„Не знам точно за каква повреда се работи. Мислам дека е нешто со листот на ногата. Но во тој момент требаше да го реорганизирам тимот, немав многу време да зборуваме за повредата, тоа ќе го направиме сега, откако заврши мечот“.