Халанд постигна 33 голови во 32 настапи во сите натпреварувања за Борусија Дортмунд откако пристигна таму.
Не е изненадување што норвешкиот напаѓач е мета на најголемиот дел од гигантите, а информациите велат дека тој е прва желба и на Челси.
Ерлинг Халанд и Деклејн Рајс се на списокот на Френк Лампард за нови засилување кои треба да му ги оствари Роман Абрамович.
Минатото лето Челси потроши повеќе од 200 милиони фунти на нови фудбалери, особено од офанзивата, но дел од нив играат во лоша форма. Мета на критики во последно време е Тимо Вернер кој се соочува со долг голгетерски пост.
„Постојано зборувам со него, не гледам смисла во неговата фрустрација, јасно е дека како напаѓач сакате цело време да постигнувате голови, нешто што тој го правел во својата кариера“, вели Ламапард.
„Но во исто време секој напаѓач има моменти кога топката не сака да влезе од било која причина“.
„Позитивна работа е што тој влегува во шанси на натпреварите, ги користи атрибутите за да влезе во шеснаесетникот и добива шанси, головите ќе дојдат“.