Милан на првото место ја заврши оваа година благодарение на голот на Тео Хернандез во судиското продолжение со кој го победија Лацио со 3-2.
„Секогаш се обидуваме да победиме на мечевите, го направивме тоа и навистина сум среќен, горд сум на мојот тим, фудбалерите прават нешто неверојатно“, вели Пиоли.
„Секако дека ни недостасува Златан, со него на теренот сме посилни, свесни сме за тоа. Фактот дека Лацио ја држеше топката во посед по нашите два гола е моја грешка. Му реков на Салемакерс да седи длабоко, но наместо тоа требаше да бидеме агресивни“.
„Лацио има многу квалитет и физички вештини, но ние имавме шанса да го добиеме мечот и го направивме тоа“.
„Победивме на многу натпревари затоа што имаме силни фудбалери, не би ги менувал за други“.