Нов тренер и веднаш победа, Џенова ги освои трите бода кај Специја, Наполи се спасуваше од пораз против Торино

by
1 минути читање

Џенова освои три важни бода против директен конкурент за опстанок и тоа на негов терен, ја совлада Специја со 2-1.

Новиот тренер Балердини го стави Пандев во стартниот тим и тоа вроди со плод, нашиот капитен беше асистент во 16. минута за гол на Дестро со кој Џенова изедначи на 1-1.

Победничкиот гол беше дело на Кришито од пенал во 73. минута.

Пандев излезе две минути подоцна, откако Џенова веќе го имаше водството што беше и конечен резултат.

По двата порази едно по друго, Наполи беше на работ на уште еден, но Инсиње со гол во 93. минута донесе бод. Но 1-1 против Торино е слаб резултат за тимот на Гатузо.

Елиф Елмас почна од клупата, но рано влезе, во 30. минута кога се повреди Деме.

Интересен беше мечот меѓу Рома и Каљари кој го доби волчицата со 3-2. По еден гол постигнаа Верету, Џеко и Манчини.

Несторовски ги одигра последните 15 минути од мечот меѓу Удинезе и Беневенто, неговиот тим загуби со 2-0.

Аталанта водеше со 2-0 кај Болоња, но ја прокоцка предноста, мечот заврши 2-2.

Пет голови имаше на дуелот меѓу Сампдорија и Сасуоло кој го добија гостите со 3-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×