163
Во пресрет на денешниот
натпревар имаше голема дебата за тоа дека Реал добива помош од судиите откако
не беше досуден чист пенал на дуелот против Еибар со кој домаќините ќе имаа
прилика да изедначат.
Дебатата сигурно
ќе продолжи и во следниот период откако вечерва судиите повторно „не видоа„
пенал против „кралевите“.
На крајот од
првиот дел, при резултат 0-0, Касемирo го собори Ерера во шеснаесетникот, но
ниту судијата се огласи, ниту пак го поправија од ВАР собата.
Во продолжението
од мечот, токму Касемиро донесе 1-0 откако скокна највиско по една нафрлање на
Асенсио. Во последните мигови од натпреварот, Бензема прецизно биеше од врвот
на шеснасетникот за 2-0 и нови три бода.