Од германскиот
третолигаш Динамо Дрезден објавија дека продале повеќе од 72,000 влезници за
вчерашниот натпреварот против Дармштадт на домашен терен во рамките на Купот
каде загубија со 0-3.
Поради пандемијата
со коронавирусот, на мечот не беше предвидено присуство на навивачи на
трибините што е вообичаена пракса во фудбалскиот свет овие неколку месеци, а од
Динамо Дрезден одлучиле да продаваат влезници за тој меч по цена од близу 6
евра, а апелираа до фановите да купуваат како знак на солидарност, а тие
возвратија со одличен одговор.
Дури и во
поранешниот шампион на Источна Германија се изненадени поради фактот што
настана голем интерес за таа иницијатива, откако беа продадени влезници над
нивниот просек на гледачи на трибините од ланската сезона, а дури двојно повеќе
во однос на капацитетот на стадионот.
„Секој во Динамо
Дрезден треба да биде горд на ова, ова е нешто уникатно што се случи во
Германија“ изјави напаѓачот на тој клуб Филип Хосинер.