Ѕвездата на
Вулверхемптон, Адама Траоре е голема желба на шефот на стручниот штаб на Лидс,
Марсело Биелса, а „90мин“ извести дека Шпанецот е фрустриран од статусот на „Молињу“
оваа сезона, па би можел уште во јануарскиот преоден рок да си замине.
24 годишниот
Траоре ланската сезона беше доста забележителен во составот на Нуно Еспирито
Санто, каде постигна шест погодоци, а запиша уште и 12 асистенции во 54
настапи, меѓутоа во новата сезона не е во прв план кај својот тренер.
Португалскиот
двоец Даниел Поденс и Педро Нето се во главна улога во Вулверхемптон во новата
сезона, а дека Траоре има одредени проблеми во тој клуб, се покажа и откако
преговорите за нов договор застанаа помеѓу него и самиот клуб.
По сите
случувања, „90мин“ известува дека Траоре ја разгледува можноста да си замине од
Вулверхемптон уште идниот месец, а дополнителна мотивација за евентуалниот
таков потег ќе биде и обезбедување место во селекцијата на Шпанија за Европското
првенство идното лето.