Марота потврди: Ериксен е на продажба

by
1 минути читање

Директорот на
Интер, Бепе Марота потврди дека Кристијан Ериксен е на трансфер листата на
клубот за продажба, а Данецот би можел да си замине уште во јануарскиот преоден
рок доколку пристигне задоволувачка понуда за него.

Ериксен е на
трансфер листата, Пјеро Аусилио потврди околу тоа, тој не успеа да се адаптира
во нашиот клуб, не е функционален, тоа е објективен факт
“ рече Марота.

Тоа нема никаква
поврзаност со фудбалерот од професионален аспект, не станува збор за никаква
казна кон него, едноставно таква е ситуацијата која се разви во периодот
досега, фер е да си замине во клуб каде би бил регуларен во однос на минутажата

додаде тој.

На Данецот инаку
му е дадено зелено светло да отпатува за својата земја кај неговата сопруга со
која очекуваат дете.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×