Винисиус би можел на позајмица во Арсенал

by
1 минути читање

Арсенал ја
разгледува можноста да ги засили редовите со фудбалерот од Реал Мадрид,
Винисиус Жуниор кој би можел да пристигне во Лондон уште идниот месец на
позајмица.

Се чини дека
Арсенал нема да се обиде да дојде до потписот на Иско, како што претходно се
шпекулираше, па така „Топчиите“ би можеле да го доведат 20 годишниот Бразилец
кој во новата сезона на 12 настапи за „Кралевите“ успеа да запише по два гола и
исто толку и асистенции.

Арсенал уште во
периодот кога беше предводен од страна на Унаи Емери се обиде да го ангажира
Винисиус, а остана во добри односи и со неговиот агент, а во него, Микел Артета
гледа решение за катастрофалниот учинок во офанзивната линија и големиот
недостаток на голови во новата сезона.

Кога сме веќе кај
Арсенал, Артета е фаворит кај букмејкерите во однос на следниот тренер во
Премиерлигата за кого се очекува да добие отказ, откако по 14 одиграни кола, „Топчиите“
се најдоа на 15 место на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×