Арсенал е очаен
сезонава, Микел Артета не успева да ги склопи коцките за подобри резултати на „Топчиите“
кои по 14 одиграни кола се наоѓаат на 15 позиција на табелата во Премиерлигата,
односно со само четири бода предност во однос на Фулам кој е на позиција за
испаѓање во моментов.
Клубот од Лондон
до тоа ниво е очаен што дури новиот тренер на ВБА, инаку претпоследна екипа на
табелата, Сем Алардајс во Арсенал гледа ривал во битката за опстанок во
елитното друштво.
„Да се загуби од
Манчестер Сити, дури и да не станува збор за меч во Премиерлигата, сигурно ја
разнишува довербата кај фудбалерите на Арсенал“ изјави Алардајс алудирајќи на
поразот на „Топчиите“ од „Граѓаните“ во Карабао купот синоќа со 1-4, а потоа се
надоврза и на актуелната позиција на табелата за Арсенал.
„Тие сигурно се
запрашуваат што ги снајде, што ги погоди, ќе се запрашаат и на моменти што
всушност бараат таму, зошто се во долниот дел од табелата, а истовремено ќе се
обидат да пронајдат решение како да излезат од таа зона, знам како оди сето
тоа, се надевам дека јас ќе успеам во намерата да ги мотивирам фудбалерите да
реагираат на тоа“ додаде тој.
„Се надевам дека
можеме да го притиснеме Арсенал, кога ќе имаме меч против нив, бидејќи како што
и самите гледате, факт е дека тие имаат сериозен недостаток на самодоверба, ќе
се обидеме да ги совладаме, како и било кој противник во тој дел од табелата“
заклучи Алардајс.