Лилијан Турам: Кога го видов Маркус како плука играч, се прашав дали тој навистина е мој син

by
1 минути читање

Лилијам Турам не крие дека е шокиран од потегот на неговиот син, тој бил згрозен кога го видел Маркус како плука противнички играч.

„Додека го гледав натпреварот бев во шок, се чудев дали тоа навистина е мојот син. Тој ми даде негово објаснување, дека бил лут и дека тоа го направил во афект. Маркус сака луѓето да знаат дека тој не го направил тоа намерно, тој знае дека такви гестови не смеат да постојат на фудбалскиот терен“, изјави Лилијан Турам.

„Реакцијата на медиумите за она што се случи е сосема нормална, но тој мене ми објасни дека бил гневен на неговиот противник од кој трпел навреди и имал плунка во устата која едноставно му излегла во таков жар. Тој ми рече: „Тато не сакам луѓето да мислат дека јас можам некој намерно да плукнам, бидејќи тоа нема смисла““.

Маркус Турам за плукањето доби суспензија од шест натпревари од кои пет ќе одлежи веднаш, а шестиот може да одбере кога во рок од една година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×