Мустафи во 2016 година се пресели во Арсенал и отогаш неговата кариера се движи во надолна линија, го загуби местото во германската репрезентација, а сега многу ретко игра и за Арсенал.
Тој е мета на постојани критики од фановите на топчиите поради многуте грешки кои ги прави, но и покрај тоа неговиот агент вели дека Барселона е заинтересирана за Мустафи.
„Не сум во Барселона поради Јусуф Демир, туку поради Шкодран Мустафи од Арсенал кој исто така го претставуваме“, потврди агентот Озтурк за Фокс Спортс.
Се верува дека интересот на Барселона за фудбалерот е поради повредата на Пике минатиот месец.
Договорот на Мустафи со Арсенал истекува по крајот на оваа сезона, па пологично е тој да замине од клубот во јуни како слободен играч отколку во јануари.