Португалецот директно влијаел на 14 голови (голови + асистенции) во 13 натпревари од Премиерлигата. Бруно Фернандеш досега постигна девет голови и пет асистенции.
Негова цел е збирот на погодоци и асистенции да му биде поголем од бројот на натпревари по крајот на сезоната, повеќе од 38. Засега му оди одлично.
„Лесно е да давате голови и да асистирате кога играте во Манчестер јунајтед бидејќи сте опколен со квалитетни играчи кои прават да бидете подобар, но и јас се трудам да им помогнам тие да бидат подобри. Моите бројки се добри, но сега треба да почнам да се подобрувам бидејќи ќе биде потешко со секој иден ден бидејќи противниците ќе ме знаат подобро. Но среќен сум за моите бројки, но сакам да бидам уште подобар, сакам да ја завршам оваа сезона со повеќе голови и асистенции отколку натпревари“, вели Бруно Фернандеш.
Тој посакува и трофеј со Манчестер јунајтед, вели дека поради тоа е и дојден во клубот и се надева дека оваа сезона ќе можат да освојат нешто.
„Првите месеци за мене тука беа одлично, но главната работа за која сум тука уште не сум ја остварил, тоа се трофеите, затоа и дојдов во Манчестер јунајтед, но се надевам дека оваа сезона ќе можеме да го направиме тоа“.