Ништо од дуел против неговиот Челси, Диего Коста ќе си оди од Атлетико Мадрид уште во јануари

by
0 минути читање

Актуелниот договор на Диего Коста со Атлетико Мадрид истекува по крајот на оваа сезона.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо тврди дека напаѓачот нема да ја продолжи соработката со Атлетико Мадрид, а клубот ќе му дозволи да си замине во јануари.

Доколку нема понуда каква што посакува следниот месец, Диего Коста ќе почека до јуни и тогаш ќе го напушти шпанскиот клуб.

Ако му се оствари првичниот план и си отиде во јануари, тогаш нема да игра против својот поранешен клуб Челси кој Атлетико Мадрид го доби во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×