Откако се врати фудбалот во јуни, на многу стадиони ширум Англија во најдобрите лиги, гостинските тимови користат привремени соблекувални со цел да се исполнат протоколите и да се минимизира интеракцијата со повеќе луѓе.
Сепак на почетокот од овој месец, тренерот на Мидслброу, Нил Ворнок по настапот на неговиот тим кај Стоук во меч од Чемпионшип, соблекувалната ја опиша како кочина каде што тој ни животни не би ставил.
Вечерва Тотнем игра на тој стадион, па Мурињо беше запрашан што мисли за тоа.
„Добив видео од соблекувалната. Видеото беше направено од колега кој работи за друг тим а неодамна играа против нив. Ова прашање не го поставувам јас, туку вие“, вели Мурињо.
„Но мислам дека не треба да биде прашањето за мене, тоа треба да биде прашање за надлежните, за сите надлежни, тие во фудбалот, во безбедноста, но не и за мене“.
„Јас нема да бидам лошиот човек кој ќе коментира за гостинската соблекувална на Стоук“.