Вчерашната победа за Фиорентина беше прв триумф по осум кола без победа, но беше и прва победа на гостински терен кај Јуве во Серија А од трилерот во март 2008 кога исто така виолетовите ги водеше Прандели.
Тој е среќен поради триумфот и се надева дека овој резултат ќе биде пресвртница во формата на неговиот тим.
„Оваа победа им ја посветуваме на фановите, тие секогаш се со нас, страа со нас и се надевам дека овој резултат ќе даде некоја смисла за сета работа која ја извршивме во овој изминат период. Напорната работа се исплати на крајот, но ние се уште не сме таму, би рекол дека имавме и малку среќа со раниот црвен картон“, вели Прандели.
„Како и да е, фудбалерите покажаа не само карактер кој ни требаше туку исто така и дрскост која ја барав од нив“.