178
Манчестер Сити не е на нивото од претходните години, загрижува ефикасноста која е под секое ниво. Но синоќа не беше така, тимот на Пеп Гвардиола даде четири гола и лесно го победи Арсенал.
Сепак тренерот на Сити вели дека овој триумф над Арсенал не мора да значи ништо.
„Тоа како во Манчестер, врне дожд секој ден и кога понекогаш ќе се појави сонце не значи дека времето ќе се промени“, вели Гвардиола по мечот.
„Тоа е само еден меч но ќе видиме што ќе се случува во иднина, како и да е среќени сме што сме во полуфиналето четврта година по ред“.