Манчестер Сити со 4-1 го победи Арсенал и избори пласман во Карабао Купот, топчиите на Микел Артета имаа нов разочарувачки ден.
На Арсенал не му оди во Премиерлигата, а синоќа испадна и од првото куп натпреварување, Артета се наоѓа под притисок и често се пишува за негов отказ, но Пеп смета дека тоа би било огромна грешка на клубот.
„Ако му дадат отказ ќе направат огромна, голема грешка. Прилично сум сигурен дека му веруваат. Разибрам дека статистиката и резултатите се лоши, но јас бев со него многу години и ги знам неговите неверојатни квалитети како човек, а особено како тренер, како е инволвиран во се, и само прашање на време е кога ќе му тргне“, вели Пеп Гвардиола.
„Јас не сум во бордот. Но ќе направат голема грешка ако го отпуштат. Треба да му дадат поддршка, тој им донесе две титули, а тоа долго време не им се случило“.
„Ситуација со пандемија е, со пболеми поради повреди, но тие играа добро иако немаа резултат. За жал нашата работа зависи од резултати. Но фудбалот може да се промени во една недела, толку брзо“.
„Можам да зборувам за моето искуство со него, го имавме еден од најуспешните тимови во англиската историја и тој беше дел од овој успех, и тоа немаше да биде возможно без него, и за да создадете нешто, потребно ви е време како што беше мојот случај во првата сезона“.