Ливерпул и Манчестер Сити подготвуваат нови договори за Салах и Де Брујне?

by
1 минути читање

Во Ливерпул
постои добро расположение во поглед на темата со првата ѕвезда на тој тим,
Мохамед Салах и неговата иднина, односно да се решат сите дилеми околу
Египјанецот со што би му се понудил нов договор.

Салах имаше една
изјава која не наиде на позитивни реакции на Островот откако не ја отфрли
можноста да се пресели во Барселона или Реал Мадрид во иднина, а неговиот
актуелен договор со „Редсите“ истекува во 2023 година, со кој неделно
заработува 200 илјади фунти.

Големи се
очекувањата Ливерпул во периодот кој претстои да му понуди нов договор со
значително подобри услови на својот најдобар фудбалер и да ги реши сите дилеми
по тоа прашање, а слично сценарио се очекува и во Манчестер Сити во однос на
Кевин Де Брујне.

Медиумите на
Островот наведуваат дека Белгиецот е близу потпишување на нов договор со
„Граѓаните“, а со самото тоа Белгиецот би можел да го следи својот тренер Пеп
Гвардиола кој го веќе го стори тоа.

Актуелниот
договор на Де Брујне со Манчестер Сити е со важност до 2023 година, со истиот,
29 годишниот фудбалер неделно заработува 300 илјади фунти вклучувајќи и бонуси,
меѓутоа во новиот сигурно ќе има уште подобри услови.

Се верува дека и
покрај тоа што Де Брујне постојано ја истакува својата посветеност кон
Манчестер Сити и одличната соработка со Гвардиола, Реал Мадрид и ПСЖ под будно
око ја мониторираат ситуацијата со Белгиецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×