Поранешниот
фудбалер Мохамед Сисоко, инаку екс член на Валенсија, Ливерпул, Јувентус, како
и ПСЖ, тврди дека Пол Погба ќе се врати во редовите на „Старата дама“,
дополнително објаснувајќи дека Французинот нема доволно простор во Манчестер
јунајтед.
35 годишниот
Сисоко се пензионираше во јануари годинава, а во дресот на Јувентус запиша 100
настапи пред да се пресели во составот на ПСЖ во 2011 година, а говореше во
пресрет на вечерашната пресметка помеѓу Јувентус и Фиорентина во Серија А,
инаку има настапувано и во дресот на „Виолетовите“ во својата кариера.
Во пресрет на тој
дуел, Сисоко вели дека Фиорентина ќе го има мечот на својот живот, екипа која
не може да се пофали со добра форма, а интересен е неговиот став околу Погба.
„Според мене,
Погба ќе се врати во Јувентус, тој едноставно не пронаоѓа доволно простор во
Манчестер јунајтед“ вели Сисоко.
„Неговиот агент
самиот навести дека нема да го продолжи договорот со клубот, нема да има обнова
на истиот, се сомневам дека ќе се врати во јануарскиот преоден рок, меѓутоа
очекувам да биде засилување за Јувентус идното лето“ додаде поранешниот
репрезентативец на Мали кој инаку е роден во Франција.