258
Јувентус доби службена
победа од 3-0, а на Наполи му беше одземен еден бод откако „наполитанците“ не
се појавија во Торино со образложение дека не добиле дозвола од локалните здравствени
власти по позитивните тестови на ковид-19 на Зелински и Елмас.
Клубот од стадионот
„Диего Армандо Марадона“ имаше две неуспешни жалби, до Серија А и Фудбласката
федерација на Италија, но сепак успеа во триот обид.
Денеска Наполи го
презентираше својот случај пред Италијанскиот олимписки комитет, кој одлучи да
ја уважи жалбата и пресуди натпреварот да се преигра, како и да се врати еден
бод на контото на „наполитанците“.