На Зидан му пречи тоа што Куман плаче од судиите

by
1 минути читање

И покрај тоа што
во фудбалот се применува ВАР, често се случуваат контроверзни моменти.
Последниот таков беше на дуелот помеѓу Еибар и Реал Мадрид, кога при резултат
1-2 не беше досуден пенал за домаќините по играње со рака на Серхио Рамос.

Од таборот на
Барселона веднаш го кренаа гласот, Роналд Куман изјави дека девет од десет луѓе
ќе речат дека тоа е чист пенал, но очигледно судијата и оние во ВАР собата не мислеле така.

Ова не е прв пат
Холанѓанецот да упати замерки за делењето на правдата, па одговор доби од
Зинедин Зидан.

„Ми пречи кога
слушам како Куман плаче од судиите, бидејќи јас никогаш не го правам тоа.
Судиите се дел од играта, и тие можат да погрешат, како што грешат фудбалерите
и како што грешиме сите ние во животот. Повеќе нема да ја коментирам изјавата на
Куман, во мислите ни е само утрешниот натпревар (против Гранада)“
– вели Зизу.

Новинарот потоа посочи
дека се досудени пет пенали против Реал Мадрид откако од таборот на Барселона
јавно се пожалиле од судиите.

„Точно е дека многу
се зборува кога ќе се случи нешто на нашите натпревари и дека судиите се на
наша страна, но мораме да се справиме со ова. Искрено да ви кажам,
малку ми е здосадено да зборувам за вакви работи, не интересира само утрешниот
натпревар. Мораме да бидеме фокусирани“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×