176
Вечерва Манчестер Сити му гостува на Арсенал во четвртфиналето од Карабао Купот, а Пеп Гвардиола во ова натпреварување има неверојатен учинок.
Кога последен пат Манчестер Сити загуби во Карабао Купот, Барак Обама се уште беше претседател на САД.
Тоа се случи на 26. октомври 2016 година, тогаш Пеп Гвардиола првпат и единствен пат доживеа пораз во ова натпреварување.
Отогаш Гвардиола и Манчестер Сити трипати по ред го освојуваат трофејот од Карабао Купот.
Гвардиола во секое натпреварување оди на трофеј, Карабао купот е првата титула во сезоната, па Пеп смета дека таа може да влијае позитивно на самодовербата на тимот во финишот од сезоната.