156
На Арсенал очајно му оди оваа сезона во Премиерлигата, па Артета заедно со техничкиот директор Еду го кроеле планот што ќе прават во наредните два преодни рока.
„Планот е направен за тоа што ќе правиме во јануари и летото“, вели Артета.
„Еду во моментов се справува со тоа а јас сум фокусиран на натпреварите, во моментов немаме многу време да ја насочиме енергијата кон тоа, бидејќи јасно е што сакаме во моментов“.
„Мојата работа е да го извадам најдоброто од овој состав, од фудбалерите кои ги имаме. Знаеме што сакаме да направиме и ќе се обидеме да го сториме тоа знаејќи ја актуелната состојба на пазарот“.