175
Еден од блиските пријатели на Салах, Мохамед Абутрика изјави дека ѕвездата на Ливерпул сака да ја промени средината и да се пресели во Барселона или Реал Мадрид.
Самиот Салах во интервју за „АС“ изјави дека бил многу разочаран откако не му била доделена капитенската лента за дуелот со Митјиланд, Клоп тогаш го одбра Трент Александер Арнолд пред египетскиот фудбалер.
Низ медиумите се појавија гласини дека Салах можеби ќе биде продаден доколку на адреса на Ливерпул стигне примамлива понуда со три цифри.
Но, „Сан“ дознава дека ниту Клоп, ниту раководството на тимот не ни помислува на продажба на Салах. Тој останува да биде клучен дел од тимот.