Ќе има војна за Алаба

by
1 минути читање

28-годишниот Алаба е во последната година од договорот со Баерн Минхен, преговорите меѓу двете страни за продолжување на соработката завршија неславно иако не се исклучува можноста сепак на крајот да биде постигнат договор.

Европските гиганти бурно ја следат ситуацијата на Алаба, а „АС“ пишува дека Реал Мадрид е фаворит за потписот на играчот на Баерн Минхен, но тоа ќе зависи и од ситуацијата на Рамос.

Исто како и Алаба, Серхио Рамос е во последната сезона од договорот со својот клуб, па доколку Реал Мадрид не успее да го задржи својот капитен, ќе го ангажира дефанзивецот на Баерн.

Сериозен интерес има и од дуото од Манчестер, според шпанскиот весник, Сити и Јунајтед веќе и формално контактирале со претставници на Алаба за можен ангажман. 

Од Англија уште се интересира и Челси, а од останатите гиганти тука се и ПСЖ и Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×