Нејмар во 2017 за рекордни 222 милиони евра си замина од Барселона во ПСЖ. Толку изнесуваше неговата откупна клаузула која ја плати францускиот клуб.
Тој подоцна ја тужеше Барселона за неисплатени бонуси за лојалност. Разделбата меѓу двете страни не беше добра.
Нејмар неодамна изјави дека повторно сака да игра со Меси, а кандидатот за претседател на Барселона, Жорди Фаре смета дека тоа може да се случи веќе од наредната сезона.
„Нејмар ќе биде добредојден но прва работа која треба да ја направи е да се откаже од неговите побарувања и да побара прошка“, вели Жорди Фаре.
„Ние зборувавме со неговите луѓе и тие ни рекоа дека би бил заинтересиран да се врати“.
„Кој не го сака третиот најдобар фудбалер во светот во својот тим? Има опција ако побара трансфер, тој да се реализира за 40-45 милиони евра“.
„Меси и Нејмар може да играат следната година во Барселона заедно. Сигурен сум дека Меси нема да сака да си оди“.
„Зборував со неговите луѓе, иако немаше некој голем прогрес, тој ми кажа дека сака да остане. Но сака да биде дел од победнички проект“.