Ди Канио со критики до фудбалерите на Наполи: Премногу грешки, Гатузо мора да е многу разочаран

by
1 минути читање

Паоло Ди Канио
упати критики до фудбалерите на Наполи, тим каде настапува и нашиот
репрезентативец Елиф Елмас поради очајното издание против Лацио, за што
подвлече дека Џенаро Гатузо мора да биде многу разочаран од сето тоа.

Овој пораз за
нив е ужасен
“ изјави Ди Канио по победата на Лацио над Наполи.

Тие правеа многу
грешки, особено во дефанзивната линија, а однесувањето на лидерите на тимот
како Пјотр Зјелински и Калиду Кулибали би требало да биде целосно поинакво

додаде тој.

Наполи мора да е
разочаран од сево ова, особено, почнувајќи од Џенаро Гатузо, а што се однесува
генерално до мечот, Лацио во целост ја заслужи победата
“ заклучи Ди Канио.

Наполи со досега
освоени 23 бода се наоѓа на делба на петтото место на табелата во Серија А по
13 одиграни кола со Сасуоло, што се однесува пак до Лацио, Римјаните со 21 бод
се на деветтото место, лидер е Милан со 31 бод.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×