Гвардиола ја отфрла можноста за засилување во проблематичниот напад

by
1 минути читање

Предводникот на
Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не очекува новитет во нападот, односно засилување
на таа позиција која е доста спорна во играта на „Граѓаните“ во новата сезона,
каде Габриел Жезус не успеа да се наметне по повредата на Серхио Агуеро.

Не, сметам дека
тоа не е во предвид во овие моменти со оглед и на економската ситуација
глобално во сиот свет, знаеме поради кои причини, сите клубови се на мака
поради оваа пандемија, ние не сме исклучок
“ изјави Гвардиола по прашањето дали е во план засилување во нападот.

Факт е дека
страдаме во тој дел од играта, нашите моменти пред противничките голови не се
баш за пофалба, креираме чисти шанси за погодок од кои ништо не правиме на
крајот, а кога тоа се повторува нормално е да имате проблеми
“ додаде тој.

Токму затоа во
моментов не сум во можност да кажам како ќе се одвива таа ситуација, од
натпревар во натпревар е најдоброто нешто во моментов што можеме да сториме за
да се подобриме во тој дел од играта
“ додаде предводникот на „Граѓаните“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×