Големо признание за македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми е најдобриот фудбалер во хрватската прва лига, а изборот не може да биде поверодостоен кога доаѓа од гласови на капитените на сите тимови, оние против кои тој игра.
Адеми убедливо победи во изборот, тој собра 66 бодови, дури 20 повеќе од второпласиранииот Мијо Чакташ.
„Мислам дека нема поголема чест и задоволство кога за најдобар ќе те зберат оние кои се заниимаваат со истата работа како и ти. И затоа овој трофеј „Капитените бираат“ ќе има посебно место во мојата кариера. Им се заблагодарувам на сите кои учествуваа во изборот како и на моите соиграчи без кои ова немаше да биде можно. Нашата прва лига често е потценета во јавноста, но тука се игра навистина добар фудбал. Ако е подобра инфраструктурата, натпреварите од хрватската лига не би заостанувале многу зад оние кои редовно ги гледаме на телевизија од западна Европа“, изјави Адеми.
Адеми не заборави да ја спомене ниту репрезентацијата на Македонија.
„Со исклучок на глобалната епидемиолошка криза, ова сепак беше една фантастична година во која остварив големи резултати со Динамо и репрезентацијата на Македонија. Мое е да продолжам по истиот пат. Во хрватското првенство потоа и во Лига Европа каде не чекаат два натпревари со Краснодар, па следното лето на ЕП на кое за првпат ќе играм со Македонија. Исто така голема желба ми е навивачите конечно да се вратат на стадионите“.