Лајпциг се пофали дека се засили со играчот кој се поврзуваше и со најголемите гиганти (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Собослаи се поврзуваше со клубови како Реал Мадрид, Милан, Арсенал… но од јануари ќе настапува за Лајпциг.

Тие ја добија трката со поатрактивните клубови, но треба да се земе во предвид и дека Лајпциг и Салцбург се клубови на ист сопственик, Ред Бул.

„20 годишниот Доминик Собослаи од Ред Бул Салцбург премина во Лајпциг. Тој потпиша четири и пол годишен договор, со трајност до јуни 2025. Ќе го носи дресот со број 17“, стои во соопштението на Ред Бул Лајпциг.

Лајпциг за овој трансфер ќе плати 25 милиони евра колку што е откупната клаузула на Сабослаи.

Неговото деби треба да се случи на 9 јануари кога Лајпциг ќе ја пречека екипата на Борусија Дортмунд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×