На крајот од
минатиот месец, „ѓаволите“ направија голем пресврт против Саутемптон и од два
гола негатива на полувремето, на крајот славеа со 2-3. Херој на натпреварот
беше Едисон Кавани, кој со асистенција и два гола помогна Манчестер јунајтед да
направи кам-бек.
Уругваецот сепак се
најде на мата поради пост на социјалните мрежи во кој го користи зборот „negrito“ во комуникација со пријател. Единсон
Кавани за кратко време го избриша постот и се извини, но ФА реши да не му прогледа
низ прсти.
Фудбалската
асоцијација на Англија денеска соопшти дека е покренато обвинение за лошо
однесување, Единсон Кавани го прекршил правилото Е3 и треба да одговори до 4. јануари.
Најстрогата казна
е шест натпревари суспензија, но доколку играчот признае вина, за очекување е
да добие три натпревари суспензија.