Билиќ со емотивно писмо до навивачите на ВБА: Разочаран сум, но си заминувам со крената глава

by
2 минути читање

Славен Билиќ го врати
ВБА во елитната Премиерлига, меѓутоа по 13 одиграни меча каде освои седум бода,
од кои една победа, четири ремија и седум порази, доживеа отказ на клупата на
тој тим, а си замина на еден предобар начин, со реми на гостувањето кај
апсолутниот фаворит Манчестер Сити.

Забележително
беше дека голем дел од навивачите на клубот не се согласија со таквата одлука
за отказ на хрватскиот фудбалски стратег, а тој за прв пат проговори по оказот,
а не крие дека во него има големо разочарување за исходот од настаните.

Премногу сум
разочаран поради тоа што морав да си заминам од ВБА
“ почнува Хрватот во своето
соопштение кое го испрати на „Спортсмејл“.

Ми беше голема
чест да предводам еден таков уникатен фудбалски клуб со целосна посветеност и
интегритет, би сакал прво да напоменам дека се
што беше успех е најмногу благодарение на моите
фудбалери, напорната работа на стручниот тим кој беше во целост посветен во
својата работа
“ додава Хрватот.

Горд сум на
фактот што обезбедивме директна промоција во Премиерлигата од Чемпионшип
дивизијата во нашата прва сезона, беше вистински срам да ги немаме нашите
лојални поддржувачи на трибините со нас во текот на тие убави моменти

издвојува Билиќ.

Ова беше една
навистина тешка година за многу од нас, жал ми е поради тоа што сета замисла не
функционираше на начин на кој ние посакувавме, но си заминувам со крената глава,
во придружба на прекрасни мемории кои ќе ми останат во главата од работата во
овој клуб, жалам што не можам на вистински начин да се збогувам со сите вас, во
нашиот фудбалски дом, арената, му посакувам се
најдобро на овој клуб во иднина“ им порача Билиќ
на навивачите на ВБА.

Медиумите на
Островот додаваат дека Билиќ уште на крајот од октомври почнал со разговори со
челниците на клубот околу неговата иднина на клупата на ВБА, а пред самиот
старт на новата сезона се шпекулираше дека не е во добри односи со
раководството на клубот поради контроверзната трансфер политика која на крајот
значеше дека на располагање ќе има и повеќе од скромен ростер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×