Алардајс богато ќе биде награден доколку обезбеди опстанок со ВБА во Премиерлигата

by
1 минути читање

Забележително
беше дека голем дел од навивачите на ВБА не се согласија со раководството на
тој клуб да му врачи отказ на Славен Билиќ, па многумина запрашаа што може
Хрватот во една ваква ситуација, со таков ростер на располагање.

Билиќ го
предводеше составот на ВБА до една победа и четири ремија по 13 одиграни натпревари
во Премиерлигата, а хрватскиот фудбалски стратег си замина на најдобар начин –
со бод од гостувањето кај големиот фаворит Манчестер Сити.

Сем Алардајс е
новиот предводник на ВБА, а како што пишуваат медиумите на Островот, искусниот
фудбалски стратег ќе заработи бонус од 2 милиони фунти доколку обезбеди
опстанок со тимот.

Поранешниот
селектор на „Гордиот албион“ се договори со ВБА за соработка до крајот на
актуелната сезона, а постои и опција за дополнителни 12 месеци, но во случај да
успее да избори опстанок во Премиерлигата сезонава.

Дека Алардајс, за
кого многумина сметаат дека е вистински експерт за обезбедување опстанок во
Премиерлигата, за што потврди со неколку екипи претходно, не остава ништо на
случајот, е доволно да се наведе дека неговиот близок пријател и долгогодишна
десна-рака, Семи Ли ќе му биде прв помошник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×