Рашфорд имал тешко детство, бил сиромашен, па знаејќи каков е животот кога се нема, тој сега е главен во борбата за децата во Англија да добијат оброк.
Тој ја натера владата на својата земја да им дели бесплатни оброци на децата и во летниот преоден рок, кога тие не се на училиште.
Во интервју за Би-Би-Си, мајката на Рашфорд за прв пат од свој агол говори за тешките денови кои ги поминале.
„Имав три работи и доколку не го правев тоа ќе бевме без храна, беше тешко“, вели мајката на Рашорд, Меланија Мајнард.
„Рашфорд ја кажува приказната така како што тој ја гледал и зборовите доаѓаат од дното на неговото срце“.
„Понекогаш беше навистина многу тешко, се случуваше јас да се откажам од мојата храна за да можам да им дадам на децата, понекогаш немав што да јадам“.
„Се случуваше да немаме ни парче леб во куќата, срам ми е да кажам, но немавме“.
Но тешките денови очигледно влијаеле позитивно врз карактерот на Маркус Рашфорд кој стана еден од најдобрите англиски фудбалери. Сега е милионер, но за разлика од многумина други фудбалери тој оди цврсто по земјата, не лета во облаци, не дозволил парите да го променат, не го заборава своето минато и максимално им помага на оние кои немаат.