155
Арсенал одигра 1-1 на свој терен против Саутемптон, топчиите губеа со 1-0 со погодок примен од Волкот, а изедначи Обамејанг.
„Да бидам искрен, почувствував многу страв кај Арсенал“, вели Волкот по мечот.
На прес конференцијата по мечот Артета беше прашан што мисли за коментарот на Волкот, тој рече: „Не знам. Јас зборував со него, но тој мене не ми го кажа тоа. Кажа некои други работи, но тоа не. Не знам дали тоа е негово чувство“.