Клоп: Многу ми се допадна натпреварот, ги заслуживме трите бода изборени против силен тим

by
1 минути читање

Ливерпул со гол на Фирмино во 90. минута го победи Тотнем и се искачи на врвот во Премиерлигата.

„Да играте вакви натпревари како овој вечерва е апсолутно исклучително. Ова беше топ натпревар и ние ги заслуживме трите бода изборени против одлична екипа која беше многу паметно организирана. Беше многу тешко да се игра против тим со таква контра каква што тие ја имаат. Многу ми се допадна натпреварот. Немам проблем што победивме со гол пред крајот. Навистина ги заслуживме трите бода“, вели Клоп.

„Се разбира дека и Тотнем имаше шанси, тие постигнаа гол од неверојатно близок момент до офсајд, оваа година немаме среќа со ваквите ситуации. Тие имаа и други шанси. Не можете 90 минути да ги чувате Кејн, Бергвајн и Сон, ниивната брзина е неверојатна“.

„Но со исклучок на тие некои моменти ние бевме во контрола на натпреварот, останавме концентрирани ги штитевме нашите напади сензационално добро, притискавме добро, добро додававме. Не сите наши обиди завршуваа со шанси бидејќи тие се бранеа длабоко во шеснаесетникот, се бранеа одлично и на високи топки“.

„Требаше да бидеме креативни и бевме, останавме такви и на крајот се исплатеше“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×