Тотнем имаше неколку фантастични прилики во второто полувреме од мечот, Бергвејн ја погоди и стативата, а Кејн од идеална позиција не реализираше со глава. Казната стигна во 90. минута кога Фирмино даде гол со глава.
Ливерпул исто како и Тотнем имаше одличн шанси за гол, имаше и далеку поголем посед на топката, но Мурињо смета дека тие биле подобриот тим.
„Мислам дека дури и нерешено ќе не оставеше со горчина во устата. Ги имавме, можевме да победиме, не беше само за големите шанси, туку беше за тајмингот на шансите. Ги имавме во тој период и не ги реализиравме. Во овие натпревари во ваков случај освојувате барем бод, но ние не успеавме ниту тоа“, вели Мурињо.
„Му реков на Клоп дека подобриот тим загуби, тој не се сложи, но тоа е негово мислење“.
„Доколку јас се однесував како него исто на аут линијата, немаше да бидам долго таму. За мене други се правилата“.
„Натпреварот го имавме во контрола, мислам дека ова е многу незаслужен резултат, но таков е фудбалот“.
„На полувремето малку ги поместивме коцките, но севкупно го контролиравме мечот, многу сум задоволен од перформансите на тимот“.
„Одигравме многу добро, се разбира дека имавме некои грешки, има работи кои треба да ги поправиме, резултатот не е фер. Мојот тим ми рече дека сум бил во право кога уште од почетокот им велев дека на секој меч ќе одиме на победа. Игравме против шампионот на негов стадион и ги имавме најдобрите шанси за победа“.
„Тимот беше брилијантен. Денеска Ливерпул не изгледаше како да е шампион, европски шампион, светски шампион, таа разлика не се виде на теренот“.