Ливерпул и Тотнем одиграа одлично дерби, и двете екипи имаа големи шанси, но на крајот се радуваа црвените.
Во првото полувреме Тотнем играше повлечено, Ливерпул се обидуваше да го отвори резултатот и тоа го направи во 26. минута кога Салах погоди за водство од 1-0.
Но само седум минути подоцна Тотнем испука од своето главно оружје, по асистенција од Ло Селсо, Сон реализираше за израмнување на 1-1. Со тој резултат заврши првото полувреме.
Изненадувачки во вториот дел Тотнем тргна офанзивно, па почнаа да се редат шанси пред голот на Алисон.
Бергвајн ја погоди стативата, а од идеална позиција со глава не реализираше ниту Хари Кејн.
Шанси имаше и Ливерпул, а една од нив реализираше и Фирмино кој погоди со глава во 90. минута од натпреварот. Тотнем немаше време да се врати, тимот на Клоп славеше голема победа.
Сега Ливерпул е на врвот со три бода повеќе од Тотнем кој е на втората позиција.