Дербито на колото
во Милано заврши со триумф од 1-0 на Интер. „Нероаѕурите“ со многу среќа
стигнаа до победа против Наполи.
Клучниот момент
на мечот се случи на средината од второто полувреме кога Оспина задоцни со
интервенцијата и го собори Дармијан во шеснаесетникот. Судијата досуди пенал а
Инсиње поради протести доби црвен картон. Ромелу Лукаку ја изведе најстрогата
казна и реализираше за 1-0.
И покрај тоа што
гостите останаа со играч помалку, тие беа тимот кој напаѓаше до последна
секунда, избраниците на Гатузо креираа три убави шанси, Хандановиќ во два
наврати интервенираше, а Петања ја погоди стативата.
Милан врза два
нерешни натпревари во низа, вечерва „росонерите“ одиграа 2-2 кај Џенова. Дестро
два пати ги носеше домаќините во предност, но избраниците на Пиоли се враќаа
преку Калабрија и Калулу.
На останаттие натпревари
од 20:45 часот, Фиорентина и Сасуоло одиграа 1-1, нерешено 2-2 беше на
пресметката помеѓу Специја и Болоња, Сампдорија со 1-2 триумфираше кај Верона
додека пак на дуелот помеѓу Парма и Каљари немаше голови.