Езгјан Алиоски се
радува на првиот гол во најсилното првенство на Англија, Македонецот вечерва се
запиша во листата на стрелците во победата од 5-2 на Лидс против Њукасл.
Во финишот од мечот,
домаќините тргнаа во контра, Алиски доби топка од Ернандез и рутински ја
затресе мрежата на гостите за 4-2.
Претходно,
Хендрик донесе водство за Њукасл во 26. минута, а Бамфорд во 35. минута
изедначи на 1-1. Родриго по еден час игра го сврте резултатот во корист на
Лидс, но пет минути подоцна Кларк донесе ново реми, па следуваше возбудлив
финиш.
Далас во 77. минута
реализираше за 3-2, Алиски во 85. минута за 4-2 а Харисон во 88. минута стави
точка на мечот и ги постави конечните 5-2.
Арсенал одново
киксираше откако дома одигра 1-1 против Саутемптон. Волкот ги донесе гостите во
предност по дваесетина минути игра а на стартот од вториот дел, Обамејанг
заврши една одлична акција за изедначување. Сепак, кратко потоа Габриел набрзина
заработи два жолти, па „топчиите“ со играч помалку не можеа да направат
пресврт.
На „Кинг пауер“
стадионот, Евертон со 0-2 го совлада Лестер со головите на Ришарлисон и
Холгејт.