ВБА и Славен Билиќ го шокираа Сити, само бод за тимот на Пеп Гвардиола (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Манчестер Сити очекуваше сигурни три бода против ВБА, но не дојде до нив, загуби два откако одигра реми со тимот предводен од Славен Билиќ.

Домаќините поведоа во 30. минута со гол на Гундоган по асистенција од Стерлинг.

На две минути пред крајот на првото полувреме Диаш си постигна автогол за изедначување на 1-1.

Во вториот дел се играше цело време пред голот на ВБА, се редеа шанси, но мрежата на Џонстон не се затресе по вторпат.

Манчестер Сити остана на шестата позиција, но има еден заостанат меч, во однос на Челси кој има освоено два бода повеќе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×