Фудбалерот на
Јувентус во емисијата „Паралелни светови“ на ДАЗН заедно со боксерот Генадиј Головкин,
отворено говореше на многу теми.
„Двајцата сме
растеле во различни околини и култури, но на двајцата ни било тешко бидејќи потекнуваме
од скромни семејства, не бевме богати, па моравме да се бориме за да успееме“ –
вели Кристијано Роналдо.
Генадиј Головкин
потоа го прашува Португалецот за најтешките моменти од неговиот живот, а ЦР7
отворено ја раскажа најболната епизода од својот живот.
„Роден сум на
островот Мадеира и кога имав 11 години, луѓето од Спортинг дојдоа да разговараат
со моите родители. Им кажаа дека се заинтересирани за мене, но дека ќе морам да
се преселам во Лисабон. Тоа што го напуштив семејството беше најтешката работа
во мојот живот. Кога разговарав со моите родители,
мојата мајка со солзи во очите ме праша, „Сине, дали сакаш да заминеш?“.
Заминав и плачев секој ден бидејќи многу ми недостигаше семејството. Најтешко
ми беше кога се преселив во Лисабон и кога почина татко ми“.
Напаѓачот потоа
проговори за емоциите и рече „Мислам дека е добро да имате емоции, не кријам
кој сум. Луѓето велат дека мажите не плачат, но зошто да не? Кој вели дека
мажите не треба да плачат? Сите ние имаме чувства и емоции и треба да ги
покажеме“.