Мурињо во свој стил зборуваше за повредите во Ливерпул и Тотнем: Не е повреден, не е повреден, повреден е, не е повреден…

by
1 минути читање

Се зборува дека Ливерпул има криза со повреди, но Мурињо смета дека единствената нивна голема загуба е Вирџил ван Дајк.

На прес конференцијата пред нивниот утрешен меѓусебен дуел, Мурињо имаше свое шоу.

„Мислам дека Алисон не е повреден, Александер Арнолд не е повреден, Матип мислам дека ќе игра, Фабињо не е повреден, Робертсон не е повреден, Хендерсон не е повреден, Вајналдум не е повреден, Салах не е повреден, Фирмино не е повреден, Мане не е повреден, Ван Дајк е повреден и Ван Дајк е многу добар играч се разбира. Но дајте ми ја листата на повредени играчи на Ливерпул и да ја споредиме со листата на најдобриот тим на Ливерпул“, вели Мурињо.

„Јас можам да ви дадам листа со десет играчи повредени на Тотнем. Имаме две деца под 16 години икои се повредени, имаме други две под 21 кои се повредени, имаме уште две под 23 години кои се повредени. Повредени се и Ламела и Танганга“.

„И ете листа од 10 повредени играчи. Но дали Лорис е повреден? Не. Алдервирелд дали е повреден? Не. Даер дали е повреден? Не. Регилон дали е повреден? Не. Хари Кејн дали е повреден? Не. Сон дали е повреден? Не. Лукас дали е повреден? Не“.

„Па каде се повредените? Повредите се нормален дел од оваа работа. Џејмс Милнер е повреден, Ламела е повреден. Знаете, секој клуб постојано има повредени. Ливерпул има голема повреда која е Ван Дајк“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×