Клоп: Мурињо го претвори Тотнем во машина за резултати

by
1 минути читање

Ливерпул утре го пречекува Тотнем во голем дерби натпревар, црвените со победа можат да го преземат врвот.

„Мурињо го претвори Тотнем во машина за резултати. Со добри перфроманси доаѓаат до резултати, а победуваат и кога не играат најдобро, колективно победуваат и се бранат. Импресивни се многу“, вели Клоп.

„Не бев изненаден што некои го отпишуваа Мурињо кога си замина од Јунајтед, едноставно во таков свет живееме. Многу сте успешен до вчера, доколку не победите денес, луѓето ќе ве критикуваат“.

„Едноставно така е, не мислам дека и тој бил изненаден, но покажа дека може да се врати, ако воопшто може да се каже враќање, импресивно е тоа што го направи за Тотнем и начинот на кој играат оваа година е навистина добар“.

„Не сум изненаден од нивниот развој. Имаат многу сличности со нашата игра, како тргнуваат, како ја градат акцијата и фудбалот кој го играат. Доколку ги гледате нивните игри, тие се вистински фудбалски тим и играат доба фудбал“.

„Гледате Хари Кејн се повлекува како Боби Фирмино, имаат две крила, многу офанизни играчи во средината како Ндомбеле и Ло Селсо. Играат фудбал. Не може да бидете на врвот на лигата само со контра напади“.

„Ако ги чуваме Кејн и Сон, тие имаат други добри играчи кои можат да ни направат штета. Тие се вистински тим со добри фудбалери на сите позиции“.

„Бергвајн игра важна улога. На Ндомбеле му требаше малку подолго време да се прилагоди во Тотнем но сега е 100 присутен и ја дели работата со Ло Селсо, тука се Муса Сисоки и Хојбјрерг кои се исклучително важни“.

„Сето тоа им функционира одлично, а го имаат и Хуго Лорис. Во добра форма се. Тоа е тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×