207
За документарецот „Паралелни светови“, Кристијано Роналдо зборува за неговата љубов кон боксот.
„Кога бев во Манчестер јунајтед тренирав бокс со тренер. Мислам дека тренирањето бокс може да биде добро за фудбалер бидејќи ги изострува вашите сетила и ве учи да се движите“, вели Роналдо.
„Боксот е потежок од фудбалот бидејќи кога се натпреварувате сте сам. Не мислам дека би можел да сум боксер, тешко е“.
„Играњето фудбал е моја пасија, но гледам други спортови на ТВ. Меѓу фудбалски натпревар и бокс или УФЦ меч, ќе ја одберам втората опција“.