Конте сака помал и пофункционален состав, Интер во јануари продава пет фудбалери

by
1 минути читање

По победата над Каљари од 1-3, Антонио Конте изјави дека очекува составот да претрпи промени во
јануари.

„Доколку некои
играчи можат да заминат и да играат повеќе, тогаш мора да заминат. Потребно е
да имаме помал тим, но пофункционален“
– изјави тренерот на Интер.

Според пишувањата
на Газета дело Спорт, „нероаѕурите“ во зимскиот преоден рок ќе стават на продажба
пет фудбалери.

Први на отстрел
се Раџа Наинголан, Матијас Весино и Кристијан Ериксен. Ќе се бара нова средина
и за младиот Андреа Пинамонти, а доколку пристигне соодветна понуда, Интер ќе
се раздели и со Иван Перишиќ.

Доколку се
реализираат сите овие заминувања, Интер ќе се обиде да донесе барем две
засилувања, фудбалер од средниот ред и напаѓач.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×