Добредојдовте во
најновата анализа од едицијата „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“ како помошна алатка за
неколкуте илјади наши натпреварувачи (над десет илјади) )на мега популарната
платформа која нуди многу возбудувања, а е поврзана со натпреварите во
Премиерлигата.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Од претходно завршија
обврските на фудбалерите кон своите национални селекции, а тоа ќе трае до март,
дополнително, барем засега завршија и настапите во европските натпреварувања,
па така се’ ќе биде сведено
на бурниот период на Островот кој претстои, а 13 коло од Премиерлигата се игра
почнувајќи од вечерва, по само ден пауза од претходната рунда натпревари.
Најнапред ќе се
потсетиме на случувањата од претходното коло, каде во главна улога беа неколку
поединци кои ја направија потребната разлика, а доколку го проследите тимот на
колото, ќе се уверите дека и повеќе од потребно е да имате фудбалери со низок
процент на застапеност кај натпреварувачите.
Претходната
анализа: Капитентската лента за Салах, позитивни сигнали од Вилсон
Во однос на
нашиот избор, каде наведовме еден сосема различен спектар на гледиште, јасно
очекувајќи дека нема што да бараме во големото градско дерби Манчестер јунајтед
– Манчестер Сити (0-0), погледите ги свртевме кон неколку други опции.
МекКартни запиша
клин шит во убедливата победа на Саутемптон над Шефилд Јунајтед (3-0), сосема
очекувано, меѓутоа Џејмс и Бељерин запишаа само по еден бод од своите настапи
за Челси, кој на гости загуби минимално кај Евертон, односно Арсенал кој дома
со поразот од Барнли ја продолжува очајната форма во новата сезона,
дополнително, нашиот Алиоски одигра само едно полувреме против Вест Хем кој
славеше исклучително важна победа кај Лидс, а Македонецот со жолтиот картон не
успеа да запише ниту бод од својот настап.
Во средниот ред
го наведовме Салах за капитен, а тоа донесе резултат по еден крајно исцрпувачки
меч на Ливерпул кај Фулам каде фаворитот се мачеше да дојде барем до бод (1-1),
а Египјанецот со голот од пенал и бонусот кој го доби освои вкупно 16 бода со
капитентската лента на себе.
Од останатите,
Сон запиша асистенција во ремито на Тотнем кај Кристал Палас (1-1), Грилиш и
Ворд-Праус не донесоа разлика, со тоа што првиот освои само два бода од
победата на Астон Вила кај Вулверхемптон, односно вториот без допринос од
бодовен аспект, па освои само три бода, дополнително благодарение на
клин-шитот, односно мечот без примен гол во убедливата победа на Саутемптон над
Шефилд Јунајтед.
Големиот избор во
нападот се чини дека ја донесе потребната разлика, иако можеше и повеќе од тоа,
Варди беше неверојатен во убедливата победа на Лестер над Брајтон (3-0) и со
гол и две асистенции освои 13 бода, Бамфорд изнуди пенал во голот на Лидс
против Вест Хем (1-2) и освои на крајот пет бода од својот настап, меѓутоа
разочарувањето секако е Вилсон кој беше делумно очаен во пресметката на Њукасл
на домашен терен со ВБА (2-1), каде фаворитот иако славеше, првата ѕвезда на
тимот запиша само еден бод од својот настап, иако големи беа очекувањата од
него.
Сумирано, нашиот
избор донесе 53 освоени бода во коло каде просекот на освоени бодови изнесуваше
51. Во текот на вчерашниот ден инаку наведовме колку е важно во вашиот избор да има и место за неверојатниот Томаш Соучек (5) кој има и повеќе од скромна цена,
а големото „откритие“ на Дејвид Мојс погоди на двете последни натпревари за
Вест Хем.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Во последниот дел
пред самата селекција на фудбалери, ќе обрнеме внимание на актуелната ситуација
во поглед на трансферите, а таму, судејќи по тоа дека ни претстои големото
дерби помеѓу Ливерпул и Тотнем, ниту еден фудбалер на обата тима не се најде во
листата на најкупувани во пресрет на ова коло.
Најкупуван за 13
коло е Заха од Кристал Палас, по него следи Де Брујне од Манчестер Сити, а
водечката тројка на оваа листа ја заокружува Грилиш од Астон Вила. Место на оваа
листа има уште и за Ворд-Праус од Саутемптон, односно Соучек од Вест Хем.

Што се однесува
пак до листата на најпродавани фудбалери, бележиме една неверојатно голема
цифра за Жота од Ливерпул, кого поради повреда нема да го гледаме извесен
период, а Португалецот е продаден од над еден милион натпреварувачи, што е една
фасцинантна цифра. По него следи Родригез од Евертон кој исто поради повреда ќе
отсуствува, а суспендираниот Бељерин од Арсенал се најде во првите три на оваа
листа каде се уште и Зијеш од Челси, односно неговиот соиграч Вернер.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Доколку го
проследите распоредот на натпревари, односно самиот избор на натпревари за ова
коло, на поглед ќе ви падне еден доста интересен избор за голманската позиција,
тоа е Емилијано Мартинез (4.8) кој брани во извонредна форма на голот на Астон
Вила. Во четврток Мартинез пред себе ќе го има составот на Барнли кој има
постигнато само четири погодоци во шест гостински натпревари од новата сезона.
Дополнително, ќе издвоиме дека Аргентинецот има просек од 5.3 поени по меч.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Во однос на
дефанзивната линија, тука ќе препорачаме тројца со оглед на планираната
формациска поставеност од 3-5-2, а ќе започнеме со Тарик Лампти (4.8) кој
отсуствуваше во убедливиот пораз на Брајтон кај Лестер претходното коло.
Предводникот на Брајтон, Грем Потер одлуката за изоставување на Лампти, кој
инаку игра во средниот ред, ја објасни со фактот дека претстои бурен распоред
на натпревари и нема потреба од ризик со исклучително важниот фудбалер во
својот тим, наведувајќи дека Лампти треба да настапи на гостувањето кај Фулам
утревечер.
Арон Ван-Бисака (5.4)
би бил добар избор за ова коло со оглед на гостувањето на Манчестер јунајтед
кај Шефилд јунајтед, кој сезонава е непрепознатлив по самиот себе, а постигна очаен
учинок од само пет погодоци на 12 натпревари. „Црвените ѓаволи“ се апсолутни
фаворити на ова гостување, а постои можност за клин-шит на контото на
Ван-Бисака.
Џејмс Џастин (4.9)
чекаше и дочека откако блесна во победата на Лестер над Брајтон претходното
коло, а освен што запиша бодови од клин-шит, дополнително имаше и асистенција
за неговиот учинок да донесе и два бода бонус, сега „Лисиците“ на домашен терен
го пречекуваат Евертон, а на Џастин му претстои нова битка за да потврди дека
може да остане во почетниот состав во изборот на Брендон Роџерс во иднина, со оглед
на очекуваното враќање на Рикардо Переира и Тимоти Кастањ периодов кој
претстои.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Бележиме една
огромна дилема кај натпреварувачите судејќи според коментарите на социјалните
мрежи, каде постојат две исклучително квалитетни опции, првата опција е Кевин
Де Брујне (11.9), кој со Манчестер Сити се огромни фаворити на домашен терен
против ВБА, еден од најсериозните кандидати за враќање во Чемпионшип дивизијата
на Островот. Белгиецот има 17 удари кон голот на противниците во изминатите
четири кола, а плејмејкерот веќе запиша две двоцифрени бодови изминатите два
меча за „Граѓаните“ на домашен терен.
Бруно Фернандеш (11)
секако е опција за капитен, со оглед на гостувањето на Манчестер јунајтед кај
индиспонираниот сезонава, Шефилд Јунајтед, а Португалецот има неверојатни 11.2
поени во просек по меч на гостувањата сезонава.
Астон Вила на
крилјата на Џек Грилиш (7.8) сезонава игра драстично подобро, а сето тоа
изгледа одлично на теренот, меѓутоа и покрај фактот што постои една
дискутабилна тема околу изданијата на оваа екипа на домашен терен, не баш
импресивни, по поразите од Лидс, Саутемптон и Брајтон во последните три меча,
сепак ќе му ја укажеме довербата на Грилиш кој импресионира со своите настапи.
Еберечи Езе (5.8)
тргна, а како што стојат работите, тешко дека некој ќе може да го сопре овој
неверојатно добар креативец на теренот во натпреварите за Кристал Палас. Со
само 1% натпреварувачи зад своето име, фудбалерот од средниот ред во составот
на Рој Хоџсон направи огромна разлика со фактот што во последните две кола
запиша исто толку и асистенции, а генерално освои одлични 12 бода. Дека станува
збор за исклучително квалитетен фудбалер за кого времето допрва доаѓа, доволно
сведочеше и неговиот настап против Тотнем претходното коло, за што освои и два
бода бонус, а за ова коло гостува кај Вест Хем, каде очекуваме еден навистина
интересен меч на обете страни.
Доаѓаме до Томаш
Соучек (5), големото откритие на Дејвид Мојс во Вест Хем, за што неодамна му
честиташе и Жозе Мурињо, со коментар дека неговиот колега-ривал повторно има
свој Маруан Фелаини во тимот, алудирајќи на претходното откритие во Евертон.
Чехот е навистина импресивен, постигнувајќи два гола во последните два меча, а
особено е голема неговата улога во однос на прекините на „Чеканите“ каде се
издвојува од останатите во скоковите и ударите со глава. Вест Хем на домашен
терен го пречекува Кристал Палас кој во ниту еден момент не смееме да го
отпишеме за оваа пресметка.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Џејми Варди (10.3)
беше одличен во убедливата победа на Лестер против Брајтон, запишувајќи еден
гол и две асистенции, а напаѓачот веќе три кола во низа носи бодови, па зошто
да не биде така и против Евертон на домашен терен, нему особено добро „му лежат“
дерби пресметките.
Ќе го селектираме и Калум Вилсон (6.6) кој
запиша седум погодоци на десет меча во новата сезона во дресот на Њукасл, каде
дојде од Борнмут кој испадна во понизок ранг ланската сезона. Првиот пеналџија
во составот на Стив Брус сигурно ќе сака да продолжи со низата погодоци, откако
претходното коло не успеа во таа намера против ВБА, меѓутоа ќе има можност да се поправи на гостувањето кај Лидс утревечер.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Предлог-состав:
Мартинез (4.8); Лампти (4.8), Ван-Бисака (5.4), Џастин (4.9);
Де Брујне (11.9), Фернандеш (11), Грилиш
(7.8), Езе (5.8), Соучек (5); Варди (10.3), Вилсон (6.6)
Капитен: Кевин Де Брујне
Заменик-капитен:
Бруно Фернандеш
ОПРАВДАНА ДИЛЕМА
ОКОЛУ КАПИТЕНТСКАТА ЛЕНТА
Како што веќе
споменавме нешто погоре во анализата, сосема разбирливо е тоа што постои голема
дилема околу капитентската лента за двете одлични опции ова коло, Кевин Де
Брујне од Манчестер Сити, односно Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед.
Обете екипи се со
меч помалку досега бидејќи го прескокнаа воведното прво коло, а нема никакви
дилеми дека очајно им е потребна победа и ова коло за да тргнат нешто погоре на
табелата.
Му даваме
предност на Де Брујне за ова коло од причина што се сомневаме дека Пеп
Гвардиола ќе се обиде да „чепне“ по минутажата на Белгиецот за ова коло, и
покрај фактот што сме свесни дека тој беше често одмаран во натпреварите од
Лигата на шампионите, или поточно, воопшто не запиша настап на последните три
меча од тоа натпреварување, што нам ни дава со право да веруваме дека не постои
никаква потреба Белгиецот да биде одморен за мечот со ВБА. Дополнително, при едно
отсуство на Де Брујне, едноставно не можеме да пронајдеме вистински лидер на „Граѓаните“
во една таква ситуација во однос на креирањето на шанси за гол, или генерално
организација на целата игра, па прашање е дали Гвардиола би ризикувал при една
таква ситуација каде очајно му се потребни бодови, а Белгиецот е факт дека е
доволно одморен.
Манчестер
јунајтед доживеа елиминација во Лигатата на шампионите уште во групната фаза од
тоа натпреварување, што е секако шок за навивачите на тој клуб, меѓутоа, во однос
на возбудувањата на Фантази, тие исклучоци што ги наведовме за Де Брујне,
едноставно не важат и за Фернандеш.
Портуалецот ги
одигра сите 90 минути во последните два меча во Лигата на шампионите, а пред
тие два меча, играше 59 минути, па во никој случај не би можеле ниту да
дискутираме по тоа прашање кој е повеќе свеж во однос на споредбата Де Брујне –
Фернандеш, тоа секако е Белгиецот.
Секако дека не
можеме, а да не го подвлечеме и моментот од гостувањето кај Вест Хем во 11 коло
од Премиерлигата каде Оле Гунар Солшер се обиде да увиди колку неговите
избраници можат без Фернандеш, а сликата од играта на теренот ни даде јасен
приказ – тоа не е возможно.
Дали стануваше
збор за обид на Солшер да го одмори Фернандеш по бројните настапи, или станува
збор за одлука од тактичка природа останува дилема, но, Манчестер јунајтед во
отсуство на Португалецот имаше минимална негатива по првите 45 минути игра, а
по влегувањето во игра на Фернандеш настана целосен пресврт од секаков аспект
во играта на страната на гостите кои на крајот славеа со 1-3, а Португалецот
асистираше во голот за израмнување, дело на Погба, и тоа што е најважно –
креираше неверојатен учинок од осум шанси за својот тим, и тоа за само 45
минути игра на теренот.
Можеби грешиме,
меѓутоа, кога би сумирале, повеќе гледаме и повеќе од потреба на Солшер да го
одмори својот најдобар фудбалер во тимот, Фернандеш, отколку таква потреба да
има Гвардиола со Де Брујне, кој, како што наведовме е во целост свеж со оглед
на фактот што не настапи на ниту еден од последните три меча за „Граѓаните“ во
Лигата на шампионите, но, доста непредвидливиот во поглед на ротациите,
Гвардиола, едноставно е мошне тешко однапред да му „прочитате“ одлука во однос
на селектирањето фудбалери.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Традиционално, во
завршницата од анализата правиме еден краток осврт на случувањата на табелите
во генералниот пласман на Македонија, како и лигата на „24фудбал“.
Во генералниот
пласман на Македонија, каде се сите натпреварувачи од нашата земја, лидер на
табелата е Мики Попоски со досега освоени 857 бода, имате можност да се
запознаете со неговиот избор од претходното коло.


Што се однесува
пак до табелата во лигата на „24фудбал“, таму лидер е Александар Димовски со
досега освоени 831 бод, имате можност да го проследите и неговиот избор од
претходното коло.


Среќно за сите натпреварувачи во новото коло, не заборавајте
да се приклучите во лигата на „24фудбал“ која во моментов брои над 600
натпреварувачи, кодот е следен: unckad